ЗОРАН ЗАЕВ

Лични податоци:
Роден 1974 година во Струмица, Оженет и татко на две деца.
Образование:
Oсновно и средно образование има завршено во Струмица. Дипломирал на Економскиот Факултет во Скопје 1997 година и е постдипломец на студиите по Монетарна економија и финансии, на Економскиот Факултет во Скопје.
Професионална кариера:
1997 - 2001 Тргопродукт - Струмица
2001 - 2003 директор на Тргопродукт - Струмица
1998 - 2003 член на УО на Штеделница Пеон - Струмица
2001 - 2003 член на ОУ на ИГМ - Еленица - Струмица
2000 - 2003 претседател на УО на ЈПКД Комуналец - Струмица,
2003 - 2005 пратеник во Собранието на Република Македонија.
2005 - Градоначалник на Општина Струмицa
Политичка активност:
Член на СДСМ од 1996 година. Во два мандата член на Претседателството на ОО СДСМ Струмица. Од 1996 активно учествува во сите изборни циклуси, а од Ноември 2006 година е избран за подпретседател на СДСМ.
НАДЛЕЖНОСТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ
- Ја претставува и застапува Општината;
- Ја контролира законитоста на прописите на советот;
- Ги објавува прописите на советот во службено гласило;
- Го обезбедува извршувањето на работите на одлуките на советот;
- Го обезбедува извршувањето на работите кои со закон се делегирани на општината;
- Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
- Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
- Го извршува буџетот на општината;
- Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
- Редовно го известува советот за извршување на своите надлежности во согласност со статутот;
- Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
- Донесува правилник за систематизација на работни места во општинска администрација;
- Раководи со општинска администрација;
- Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
- Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статут;
- Врши други работи утврдени со закон и со статут;
- Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти. |