Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Костадинов: Да го празнуваме фудбалот и на 8. август сите да се гордееме што Скопје и Македонија се центарот на вниманието на фудбалска Европа

Во организација на Фудбалската федерација на Македонија, а со поддршка на општина Струмица, попладнето, на фудбалското игралиште со вештачка трева во Струмица се одржа Трофеј турата како дел од промотивните активности за Скопје Супер Куп 2017 кој ќе се одигра на 8 август во Скопје.

Целта на оваа тура беше да им се овозможи на сите заинтересирани љубители на фудбалот да се фотографираат со трите највредни трофеи на УЕФА, Супер Купот, УЕФА Лигата на шампионите, како и УЕФА Лига Европа.

На овој несекојдневен настан учество зедоа поголем број деца од локалните клубови кои играа фудбалски игри на различни делови од игралиштето. Учесниците и посетителите ќе ги поздрави вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.

-Драги дечиња од струмичките фудбалски клубови, денес Фудбалската Федерација  на Македонија во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, ви овозможува да бидете дел од фудбалските игри со кои го промовирате одржувањето на големиот Супер Куп кој ќе се одржи во нашата Македонија. Истовремено, ни се укажува исклучително убава и ретка можност, да ги видиме одблиску и да се фотографираме со трите највредни трофеи на УЕФА, трофеи кои високо биле кренати од  рацете на најголемите европски и светски фудбалски ѕвезди, меѓу кои е и нашиот струмичанец – Горан Пандев. Ви посакувам драги дечиња да уживате во денешните фудбалски игри, и ве советувам, никогаш да не престанете да сонувате. Можеби ќе дојде ден кога некој од овие трофеи ќе се најде и во вашите високо кренати раце. Да го празнуваме фудбалот, а на 8. август сите да се гордееме што Скопје и Македонија се центарот на вниманието на фудбалска Европа, рече Костадинов.

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544