Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Петтиот ден на СОФ во духот на тркката на келнери и џез музиката на Четкар

 

Дени Петров од „Хепинес“ стана најбрзиот и највешт келнер на синоќешната “Трка на келнери“ која се одржа во рамките на петтиот фестивалски ден од “Струмица опен фестивал“. Второто место го освои Иле Василев од „Концепт“, а како третопласиран заврши Трајче Николов од „19-ка“.

Наградите на тројцата најбрзи келнери им ги врачи в.д. градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов. Љубителите пак на џез музиката, синоќа уживаа во настапот на познатиот џез музичар и композитор, Владимир Василевски - Четкар. Вечерва, на шестиот ден од „Струмица опен фест“ ќе се одржи „Вечер на поезија“, на која, крај „езерцето“, свои стихови ќе читаат поетите Сузана Мицева и Дарко Лешовски, а потоа, во летниот амфитеатар, ќе се случи „Вечер на филм“ за љубителите на „седмата уметност“.

 

 

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544