Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2019 година

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџетите на општината за 2016 година и за претходни години, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2019 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Седници на совет

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 19-та седница

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 19-та седница на која што беа усвоени Програмата за работа на Советот за 2019 година, одлуката за доделување еднократна парична помош за новороденче на подрачјето на општината и за 2019 година во висина од три илјади денари, планот за запишување ученици во прва година во средните општински училишта во учебната 2019/2020 година, како и повеќе други одлуки, програми и планови од повеќе области.

Решение за свикување на деветнаесеттата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица
Бр.08 -457/1, 23.01.2019 год., Струмица
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување осумнаесетата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица
Бр.08-10518/1, 21.12.2018 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Oпштина Струмица донесе Акционен план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух

Советот на општина Струмица на денешната седница го усвои Акциониот план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во општина Струмица. Според градоначалникот Коста Јаневски, овој план содржи краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки кои што ќе го подобрат амбиенталниот воздух, а во план е и донесување на петгодишен план кој ќе понуди и посериозни решенија за проблемот со загадувањето. Тој потенцираше дека според првите сознанија, а добиени врз основа на податоците од двете мерни станици, главната причина за загадувањето на воздухот е употребата на грејните тела во домаќинствата во зимските и месеците кога температурите се пониски.

Решение за свикување седумнаесетата седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08–9095/1, 07.11.2018 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 16-та седница

На денешната 16-та седница на Советот беше усвоена предлог - одлуката  за измена и дополнување на  буџетот на општина Струмица за  2018 година со која истиот е намален за над 141 милиони денари или од 1.212.353.375 денари се намалува на 1.071.053.401 денар. Во своето образложение градоначалникот Коста Јаневски рече дека намалувањето се должи на прераспределување на средства од една во друга ставка, како и поради тоа што одредени проекти за кои се планирани средства нема да почнат да се реализираат во тековната година.

Страница 1 од 20

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544