Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Огласна табла

На иницијатива на градоначалникот Јаневски од 12 до 22 ноември ќе се одржуваат собири со граѓаните во урбаните и месните заедници

Се известуваат сите граѓани на општина Струмица дека во периодот од 12 ноември до 27 ноември 2018 година, на иницијатива на Градоначалникот, согласно законските и статутарните овластувања, ќе се одржат собири на граѓани во урбаните, односно месните заедници.

ЈАВЕН ПОВИК

Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на ReLOaD проектот во општина Струмица. ЛИНК

Конкурс за доделување на Годишна награда и животно дело на Општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

Врз основа на член 10 од Статутот на Општина Струмица (“Сл. гласник на Општина Струмица” бр. 5/06) и член 28 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната награда на Општина Струмица “Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” (“Сл. гласник на Општина Струмица” бр. 19/07, 23/09 и 25/09), Комисијата за општествени дејности при Советот на Општина Струмица, распишува:

Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен балкан (ReLOaD)

undp logoeu logoРегионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) е финансирана од Европската унија и ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до јануари 2020 година и ќе има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на донесување одлуки.
Целосниот текст од објавата и останатата документација може да ги симнете од линковите во продолжение:

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 90/17, 64/18 и 168/18) и член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), Градоначалникот на општина Струмица, распишува:

Покана за учество на настан

ekocar„Европска недела на мобилност„  16-22 септември 2018 на тема “Комбинирај и движи се

Почитувани, Ни претставува особена чест да Ве поканиме да земете учество и бидете дел од настанот „Европска недела на мобилност“ 16-22 септември 2018 на тема “Комбинирај и движи се”.

Соопштение за повторно објавување на јавен повик

undp logoeu logoСе известуваат сите граѓански организации што аплицираа на „Јавниот повик за граѓански организации за поднесување на предлог проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)” во општина Струмица, кој беше отворен од 19 март 2018 до 16 април 2018, дека повикот е поништен и ќе биде повторно објавен во септември/октомври 2018. 
Повикот ќе биде отворен за сите граѓански организации од општина Струмица. Имајќи ги предвид научените лекции од првиот повик, а со цел јакнење на капацитетите на граѓанските организации и нивно подобро подготвување за новиот повик, ќе бидат организирани нови инфо сесии и дополнителни обуки/менторства за заинтересираните граѓански организации.
Информациите за новиот јавен повик и за сите останати активности поврзани со повикот ќе бидат објавувани на интернет страниците на општина Струмица и на УНДП.

Покана за доставување понуди за постапка за набавка за Активност A1.2: ИНВЕНТАРИЗАЦИЈА И ДИГИТАЛНО МАПИРАЊЕ НА ДРУГИ ШУМСКИ ПРОИЗВОДИ (2)

„Натура Нова“ од Струмица доставува покана за доставување понуди за набавка на услуга - Мапирање на 15 вида економски значајни други шумски производи на планина Беласица – Струмички регион за Проектот „ЗАШТИТА НА БИОДИВЕРЗИТЕТОТ И ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ВО РЕГИОНОТ НА ПЛАНИНА БЕЛАСИЦА ПРЕКУ БРЕНДИРАНИ ДРУГИ ШУМСКИ ПРОИЗВОДИ“. Поканата во целост може да се види на следниов линк.

Јавен повик за набавка

Јавен повик за набавка за Проектот: „Заштита на биодиверзитетот и економски развој во регионот на планина Беласица преку брендирани други шумски производи“.
Јавниот повик може да го превземете на следниов линк.

Страница 1 од 5

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544