Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Конкурс за доделување на Годишна награда и животно дело на Општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

Врз основа на член 10 од Статутот на Општина Струмица (“Сл. гласник на Општина Струмица” бр. 5/06) и член 28 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната награда на Општина Струмица “Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” (“Сл. гласник на Општина Струмица” бр. 19/07, 23/09 и 25/09), Комисијата за општествени дејности при Советот на Општина Струмица, распишува:
 
Конкурс за доделување на Годишна награда и животно дело на Општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”
 
1. Годишната награда на Општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” се доделува како признание на Општина Струмица на правни и физички лица од Општина Струмица, Република Македонија и други држави како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања во: стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и сите други сегменти од животот, што дале посебен придонес за развој и афирмација на Општина Струмица во Република Македонија и пошироко.
2. Годишната награда се доделува за остварувања реализирани во период од една година, сметано од завршувањето на огласот и за остварувања во период подолг од десет години како награда за животно дело.
3. Наградата на поединци и група творци се состои од диплома, плакета со грбот на Општина Струмица, бронзен медал со ликот на “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” и паричен износ.
4.Наградата на правни лица се состои од диплома, плакета со грбот на Општина Струмица и бронзен медал со ликот на “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” .
5.Наградата на лица од други држави, како и на меѓународни организации и асоцијации или на нивни претставници, се состои од диплома, плакета со грбот на Општина Струмица и бронзен медал со ликот на “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” .
6.Наградата за животно дело се состои од диплома, плакета со грбот на Општина Струмица, бронзен медал со ликот на “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” и паричен износ.
7. Право за предлагање на кандидати за наградата имаат: научни, стручни, стопански и други организации и заедници и граѓани - поединци.
8.Предлозите за награда треба да содржат: биографија на лицето или организацијата што се предлага со детално образложение на постигањата, заради кои се доставува предлогот.
Предлогот треба да биде поткрепен со соодветна документација.
9.Предлозите во 6 (шест) печатени примероци се доставуваат на адреса: Комисија за опшествени дејности при Советот на општина Струмица со назнака за Годишна награда или животно дело, Струмица, лично во архивата на Општина Струмица, или по пошта на адреса: Општина Стрмица, ул.”Сандо Масев” бр. 1 Струмица.
10. Конкурсот трае заклучно со 23 ноември 2018 година. Предлозите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.
Предлагачот е потребно да го наведе својот полн назив, адреса и телефонски број.
Формулар за конкурирање може да се подигне во архивата на Општина Струмица или да се најде на веб страницата www.strumica.gov.mk 
Бр. 08-8930/1
02.11.2018 год.
Струмица
Комисија за општествени дејности
Претседател,
Александар Ненчев с.р.
© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544