Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Костадинов присуствуваше на промоцијата на книгата „Мојот професор, пророк“ од Вера Стојчевска – Антиќ

Синоќа во центарот за култура „Антон Панов“ се одржа промоција на книгата „Мојот професор, пророк“ од професор д-р Вера Стојчевска – Антиќ, посветена на великанот на македонската научна мисла и литература, Блаже Конески. Овој убав културен настан се реализираше со поддршка на општина Струмица, а на истиот присуствуваше и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов. 

За книгата зборуваше промоторот д-р Ана Витанова Рингачева, стихови од конески кажуваа Сузана Мицева, Мариета Дукиќ и Ице Беличев, а на присутните им се обрати и авторката, споделувајќи спомени од нејзината соработка со Блаже Конески.Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов и професор д-р Вера Стојчевска – Антиќ, денеска, ја посетија црквата „Св. Горѓи“ во селото Муртино каде што беше промовирана и донирана книгата „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило“ во која има дел и за оваа црква.

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544