Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Во јуни решени 114 проблеми преку „Систем 48“

Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец јуни биле пријавени вкупно 143 пријави од страна на граѓаните за проблеми од повеќе области. Од нив  решени се 114 пријави, а останатите 29 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. 

 Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 71, од областа на собирање смет 19, водовод и канализација 17, паркови и зеленило 5 и по една за општински инспекциски служби и улици, патишта и тротоари. Од општинскиот сервис „Систем 48“ има се заблагодаруваат на граѓаните за довербата и користењето на неговите услуги и истовремено апелираат за навремено пријавување на бесплатниот телефонски број 080014848, за да можат општинските служби во предвидениот рок да интервенираат и да ги решаваат пријавените проблеми.

 

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544