Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Градоначалникот Костадинов и министерот Дураки потпишаа договори за реализација на три проекти од областа на животната средина

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, денеска, потпишаа договори за доделување на финансиски средства за три проекти од областа на животната средина. Договорите се потпишаа во кабинетот на министерот Дураки, а средствата се доделени согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2017 година.

 

Општина Струмица во оваа Програма учествува со три проекти:

-Изработка на техничка документација за главен фекален колектор за ново урбанизираните урбани блокови во Струмица број 35-42, во вредност од 463.500 денари.

-Регулација на поројот „Крушевска Република“ на потегот од улицата „Климент Охридски“ до уливот во реката Тркања со партерно уредување околу поројот, во вредност од 815.500 денари.

-Регулација на поројот „Свети Илија“ на потегот од бавна преграда до уливот во реката Водочница, во вредност од 1.358.000 денари.

Проектите ќе бидат реализирани во текот на оваа и идната година.

 

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544