Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Александра Јанева и пријателите одржаа концерт направен со љубов за публиката на „Струмица опен фестивал“

Прекрасно музичко доживување синоќа покрај езерцето во големиот градски парк понудија струмичанката Александра Јанева и нејзините пријатели. Бројната струмичка публика уште еднаш потврди дека ужива во фестивалската содржина на шестото издание на културно – уметничката и забавна манифестација „Струмица опен фестивал“ направена со љубов.

На сцената покрај езерцето настапија и Ристо Самарџиев, Антониа Гиговска, Панче Илиев, Иле Спасев, Филип Пешевски и 2ВЕ. Меѓу публиката која што уживаше во настапот на Александра Јанева и пријателите беше и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов. Фестивалската програма продолжува со вечер на афоризми покрај езерцето која што ќе започне во 21 часот, а еден час подоцна во летниот амфитеатар ќе се одржи Stand up comedy со Никола Тодороски.

 

 

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544