Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Свечено отворен 25. Меѓународен ФКТ „Ристо Шишков“

 Во присуство на македонскиот Премиер Зоран Заев и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, синоќа, на Денот на независноста на Република Македонија, во големата сала на НУЦК „Антон Панов“, свечено беше отворено, јубулејното 25. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.

Присутните во салата и актерите од земјата и странство, ги поздрави в.д. градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, а фестивалот за отворен го прогласи, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев. Честа да настапат први на фестивалот, ја имаа актерите од Националниот театар од Косово со претставата „Коските што доцна доаѓаат“ од Таки Дервиши, во режија на Мартин Кочовски. На свеченото отворање на фестивалот, му претходеше отворањето на самостојната изложба на документарни фотографии, на струмичкиот фотограф Сречко Гунчев. На ретроспективната изложба се прикажани фотографии од сите изминати 24 изданија на ФКТ „Ристо Шишков“.

 

 

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544