Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Костадинов: Фестивалот годинава ни е сребрен, но татковината секогаш треба да ни биде златна

 Струмица четврти ден живее во духот на театарската уметност. Вечерва на фестивалската сцена, љубителите на театарската игра ќе можат да ги проследат претставите „Добри луѓе во време на зло“ на театарот Гариво од Босна и Херцеговина, „Солзите се Ок“ на театарот Звездара од Србија и „Пак плаче, но сега од среќа“ на театарот од Крагујевац.

Инаку, јубулејното 25. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ беше свечено отворено во присуство на македонскиот премиер Зоран Заев и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, на Денот на независноста на Република Македонија, во големата сала на НУЦК „Антон Панов“. Присутните во салата и актерите од земјата и странство, ги поздрави в.д. градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, а фестивалот за отворен го прогласи, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев. Се надевам дека петте фестивалски денови на овој единствен наш фестивал посветен на актерот, ќе бидат денови за незаборав и уживање во актерската игра, дека ќе бидат тоа денови во кои театарската уметност, по кој знае кој пат, со својата универзалност, ќе ги избрише јазичните бариери и исцртаните гранични линии, на задоволство на сите оние кои ги љубат најубавите нишани на уметноста и културата. Истовремено, убеден сум дека нашава Струмица повторно ќе стави печат на осведочениот „документ“ за гостопримство, и дека сите актери, без разлика од каде доаѓаат, ќе се чуствуваат како дома. Посакувам, ползувајќи ги искуствата од четвртвековното опстојување на фестивалот, посветен на бардот на македонското глумиште - Ристо Шишков, сите заедно да извлечеме поуки кои ќе ни бидат основа за понатамошниот негов растеж. Ќе биде тоа добро, како за актерите и другите театарџии, така и за вљубениците во театарската уметност. Нека биде така, и за сегашните и за идните генерации почитувачи на културните вредности. И едно мора да знаеме, фестивалот годинава ни е сребрен, но татковината секогаш треба да ни биде златна, рече Костадинов.

 

 

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544