Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Проект: Размислуваме за компостирање - Посветени на одржување на органскиот синџир

Објава: За доделување на компостери и одржување на инфо денови

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот “Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир” ќе започне со доделување на 400 компостери во 10те општини од Југоисточниот регион на Република Македонија во коj спаѓаат општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица. 

За време на доделувањето на компостерите ќе се одржат инфо денови на кои е предвидено граѓаните да се запознаат со начинот на употреба на компостерите, состојките кои се користат за создавање на компост, одржувањето на компостерите итн.

 

На 09.10.2017 со почеток во 12:00 часот и втор термин со почеток од 16 часот, ќе се одржи инфо ден и доделување на компостери во Општина Струмица и истиот ќе се организира во просториите на Дом на АРМ во Општина Струмица.

На инфо деновите поканети се лицата кои се здобиле со компостер како и лица кои се заинтересирани за компостирање, а ќе бидат водени од експерти кои ќе ги запознаат граѓаните со процесот на компостирање, сѐ што е поврзано со  компостирањето и ќе стојат на располагање за било каква дополнителна информација.

Овој проект е кофинансиран од Европска Унија преку  ИНТЕРРЕГ – ИПА Програмата за

прекугранична соработка Бугарија – Р. Македонија  CCI No. 2014TC16I5CB006

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544