Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Втор модул од обуката за инклузивно образование во ООУ „Сандо Масев“ од Струмица

Под насловот „Работиме заедно за создавање инклузивни училишта“, во општинското основно училиште „Сандо Масев“ од Струмица, во соработка со УНИЦЕФ, БРО, Македонскиот центар за граѓанско образование и со поддршка на општина Струмица, се реализира вториот модул од обуката за инклузивно образование.

 Наставниците и стручните соработници во училиштето обработија повеќе теми од комуникацијата и соработката, разбирањето на ограничувањето за учество, соработката за надминување на тие ограничувања и создавањето на инклузивниот тим. Формираниот инклузивен тим кој ги гради своите искуства преку посебни обуки и практичната работа со учениците и родителите, придонесува за подобрување и унапредување на меѓусебните односи во комуникацијата и соработката на родителите, учениците, наставниците и локалната средина. Како дел од стратешките приоритети донесени во стратегијата за образование на општина Струмица, градоначалникот и Советот на општина Струмица обезбедуваат унапредување на стручното усовршување на наставниот кадар во областа на инклузивното образование за ранливи групи, остварувајќи ги целите на перспективите за задоволни граѓани, обезбедени услуги, развој на капацитетите и целисходно управување со буџетот на општината.

 

 

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544