Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Костадинов им го честиташе приемот на првачињата во „Детската организација“

Првачињата од основните општински училишта, денеска, свечено беа примени во „Детската организација“. Во нивна чест беше организирана богата програма, на која што свечениот прием на првачињата им го честиташе вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов. Собравме овде на топлината да ви возвратиме со топлина, на светлината да ви возвратиме со светлина, на љубовта да ви вратиме со љубов.

 

Се собравме овде во ваша чест и во чест на денот денешен, бидејќи вие овој ден го заслужувате. За сосема кус временски период вам ви се случуваат два дена кои се паметат цел живот. Еден од тие два дена е секако 4. септември, денот кога за прв пат седнавте во училишните клупи, а вториот ден е токму денешниов, кога сите вие станувате дел од најмасовната организација во светот. Имено, во рамките на „Детската недела“ што деновиве се одбележува како низ сите делови на светот така и кај нас, вие како нови првачиња, од денес станувате членови на „Детската организација“. Тоа не е само најмасовната светска организација, туку е и најдобрата и најчистата организација на нашата планета, според добрината што вие ја носите во вашите срца и според чистотата на вашите детски души. Бидете среќни што сте деца. Бидете горди што сте дел од ,,Детската организација,, и бидете свесни дека вие имате свои права кои мора да се почитуваат. Тие ваши права се пропишани со еден важен документ донесен во Обединетите нации кој се вика „Декларација за правата на детето“. Долг е списокот на вашите права што ги содржи таа декларација, но во оваа прилика вреди да се истакнат неколку од нив. Тоа се: правото на образование, правото на сопствено мислење, правото на здравствена заштита, правото на дом и семејство, правото на слободно време и игра и многу, многу други. Тие ваши права се наша должност и наша обврска. Ние возрасните мора да ги почитуваме тие ваши права и да создадеме услови за нивно исполнување, затоа што вие сте нашата гордост и радост, затоа што вие сте нашата иднина, затоа што светот останува на децата. На крајот, ви го честитам приемот во „Детската организација“ и ви посакувам среќно и безгрижно детство, рече Костадинов.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544