Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Општина Струмица го одбележа Денот на народното востание и Денот на борецот

Со пригодна програма која што се одржа пред Споменикот на револуцијата во градскиот парк, општина Струмица го одбележа 11 Октомври – Денот на народното востание на Македонија и Денот на борецот. Во знак на почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание беше положено свежо цвеќе, а рецитаторите од домот за деца и млади „Благој Мучето“ рецитираа револуционерна поезија. За значењето на празникот зборуваше вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.

 

 11. Октомври 1941 година, e ден кога македонскиот непокор уште еднаш беше потврден на дело, како многу пати до тогаш, а со осамнувањето на денот денешен, повторно осамнаа спомените за тој непокор и за слободољубивоста на македонските борци кои на дело ја покажаа и докажаа љубовта кон својата татковина. Го славиме денес овој 11. Октомври како Ден на востанието на Република Македонија и како Ден на борецот. Меѓу многуте напишани и кажани зборови за овој наш празник, останало запаметено дека: “Во најубавата приказна за слободна Македонија се вградени судбините на голем број млади луѓе. Затоа, ова наше востание мора да стои на пиедесталот од креирањето на вистинската приказна за македонската република...11.Октомври е ден од македонската историја кој не само што е симбол на нашата борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на подоцнежната македонска државност. На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот. Нашата историја не мотивира да чекориме напред и да веруваме во себе”. Токму затоа, драги сограѓани, денес имаме убава причина да му се радуваме на празникот и да бидеме горди на почитта што ја имаме за него, рече Костадинов. Одбележувањето на празникот продолжи со турнир во мал фудбал за девојки од 8 до 14 години на општинското фудбалско игралиште со вештачка трева, а утре во 18 часот ќе се одржат ноќни крос трки за учениците од основните и средните училишта.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544