Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Општина Струмица со претставник на Форум на тема "Одржливо земјоделие и руралниот развој за забрзување на ЕУ интеграцијата на земјите од Западен Балкан"

Во организација на SWG RRD и ГИЗ во Подгорица од 11-12.10.2017 се одржува Форум на тема "Одржливо земјоделие и руралниот развој за забрзување на ЕУ интеграцијата на земјите од Западен Балкан", која се поканети учесници од земјите на Западен Балкан (МК, СР, ЦГ, АЛ и БиХ), претставници на ресорните министерства, научните институции, и граѓанските организации.

 

На оваа конференција на покана на Мрежата за рурален развој, учество земаа и локалните координатори и претставници на Иницијативите за формирање на ЛАГ-ови во Југоисточниот плански регион ЛАГ Плачковица, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Беласица-Огражден.

Главни теми на ова конференција се:
- Подобрување на конкуренцијата во руралната економија во склад со структурите на фармерството во земјите од Западен Балкан;
- Надминување на бариерите за слободна трговија со земјоделските производи и продукти во Западен Балкан;
- Руралниот развој и справување со предизвикот на миграцијата од руралните средини;
- Управување со шумите, водите и почвите во рамки на политиките за животна средина и рурален развој;
- Одржлив рурален развој преку LEADER пристапот;
- IPARD како инструмент за одржлив рурален развој во Западен Балкан;
- Rural Policy 3.0 парадигма во Југоисточна Европа.

Конференцијата ја отворија г-дин Милутин Симовиќ, Министер за земјоделие и рурален развој на Република Црна Гора и г-дин Бобан Илиќ, Генерален Секретар на Регионалната работна група за рурален развој (SWG RRD), А свое обраќање во панелските сесиии имаше и г-дин Петар Ѓорѓиевски, Извршен Директор на Мрежата за Рурален Развој на Република Македонија.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544