Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување на свечена седница на Советот на Општина Струмица

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

 

Бр. 08 - 7591/1     30.11.2017 год.    Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Служен гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

 

Решение за свикување на свечена седница на Советот на Општина Струмица

По повод празникот “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаче-ници“ - заштитници на градот,  свикувам свечена седница на Советот на општина Струмица на ден 11.12.2017 година (понеделник).

Свечената седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во НУЦК „Антон Панов“ (голема сала) во Струмица и ќе започне со работа во 12,00  часот.

На седницата ќе се работи по следниот:

Дневен ред

  1. Поздравен говор на Градоначалникот на општина Струмица по повод празникот “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаче-ници“;
  2. Доделување на Годишни општински награди и признанија за 2017 годинa “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“; и
  3. Доделување на Општинска награда за животно дело во 2017 година “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“.

Совет на општина Струмица

Претседател, Марјан Даскаловски

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544