Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Општина Струмица и „Комуналец“ ќе спроведат ЕКО акција по повод новогодишните празници

Ветивме дека чистата животна средина ќе биде мој и приоритет на општина Струмица. Така и ќе работиме. Иако, јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ секојдневно ја одржува јавната чистота во градот, сакам да најавам дека ќе спроведеме поширока акција во пресрет на новогодишно - божиќните празници. Тоа значи дека во неа ќе бидат вклучени повеќе институции, градежни фирми и секако граѓаните.

А понатаму планираме годишно да спроведуваме по четири вакви големи акции. Сегашната ЕКО акцијата ќе започне на 6 декември (среда) и ќе трае до 24 декември. Целта ние машински и рачно да ја исчистиме секоја јавна површина во градот, секое маало, улица, тротоар, да ја отстраниме секоја дива депонија. Со оваа акција овозможуваме и граѓаните да си ги исчистат домовите и дворовите од непотребниот отпад“, рече градоначалникот Коста Јаневски во денешната најава за спроведување на ЕКО акцијата. За динамиката на спроведувањето на акцијата зборуваше директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Горгиев. Во секој од трите реони два дена во неделата ќе се врши генерално рачно и машинско чистење на улиците. На 6 и на 10 декември од 7 до 16 часот ќе бидат опфатени населбите Чифлик и Карпош, како и чистење на дивата депонија на патот Струмица–населено место Баница. На 13 и 17 декември од 07 до 16 часот ќе се врши генерално чистење на реон 1 или каде што отпадот се собира понеделник и четврток. На 20 и 24 декември од 07 до 16 часот ќе се врши генерално чистење на реон 2 или каде што отпадот се собира вторник и петок. Покрај чистење на реоните ќе биде извршено и чистење на дивите депонии како што се на улица „Климент Охридски“,на излезот од Струмица кон комплексот Македонска Куќа, на патниот правец Струмица – Градско Балдовци и дивата депонија на улица Антон Панов“, рече Горгиев.

 

 

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544