Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Најголем дел од странските карневалски групи го потврдија учеството на карневалот 2018

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал е во интензивни подготовки за годинашното издание на најпозната карневалска манифестација која годинава ќе ќе се одржи од 14 до 21 февруари. Според Александар Цицимов, претседател на Организациониот одбор, досега, најголем дел од странските карневалски групи го потврдиле своето учество, а ќе се стимулира учеството на нови домашни карневалски групи. najava

Годинава посебен акцент ставаме на групата од Аруба (Карипските острови) која ќе има специјален настап после карневалот со настап на диск џокеј на бината во рамките на т.н. „Аруба вечер“. Се очекуват и сите домашни групи кои традиционално учествуваат на карневалот, а годинава имаме идеја да воведеме стимулативна мерка за учество на нови карневалски групи на нашиот карневал, вели Цицимов. Традиционалниот маскенбал ќе се одржи на 16 февруари на кој што ќе бидат избрани принцот и принцезата кои ќе ја предводат големата карневалска поворка на 17 февруари на интернационалната карневалска вечер. Карневалските празнувања годинава продолжуваат со Детскиот карневал на Прочка, на 18 февруари на градскиот плоштад, а на 19 е Чист понеделник, кога традиционално се вари и јаде бел грав. Истиот ден ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер и отворена изложбата и доделени наградите од наградниот конкурс за карикатури и афоризми на тема карневал. Традиционалното карневалско корзо, посетата на домовите на армасаните девојки како и доделувањето на наградите на најдобрите карневалски маски ќе се одржи на 20 февруари. Карневалските празнувања завршуваат на 21 февруари со одбележувањето на тримерските обичаи.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544