Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Јаневски:Не смееме да заборавиме колкав е влогот на Гоце Делчев за нашиот слободарски миг и за нашата самобитност

„Нашата пребогата македонска историја чува голем број имиња и презимиња на големи луѓе кои го дале својот несебичен влог за борбата и опстојот на Македонија, но чинам дека името на Гоце Делчев го зазема самиот врв во тој историски именик“, рече градоначалникот Коста Јаневски на денешното одбележување на 146-годишнината од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, кое што се одржа пред споменикот на истоимениот плоштад.

 

Зборувајќи за животот и делото на Делчев, меѓу другото, тој додаде: „Ниту во еден момент не смееме да заборавиме колкав е влогот на Гоце Делчев за нашиот слободарски миг и за нашата самобитност. Останува по кој знае кој пат да потврдиме и да повториме дека Гоце Делчев беше војник за слободата, стратег и професионален револуционер, ум со висок капацитет и широчина, но и човек со брилијантна визионерска обдареност. Гоце не само што гледаше кон иднината, туку и чекореше кон неа. Во оваа прилика ќе издвојам само една од многуте негови мудри изјави, во која тој меѓу другото вели: Македонија и припаѓа на сите без разлика на религии, нации и јазици. Во утрешна слободна Македонија ќе се здружат сите Балкански народи“. Ете така размислуваше Гоце Делчев. Ете така, драги мои сограѓани, Гоце ја сакаше Македонија, зборуваше за Македонија и се бореше за Македонија. Македонија тоа треба да го памети за вечни времиња и бескрајно да му биде благодарна за се што сторил во својот кус, но многу содржаен животен и револуционерен пат“. Градоначалникот Јаневски и претставници на Советот на општина Струмица положија цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, а тоа го направија и претставници на Општинскиот одбор на Сојузот на борците, политички партии, училишта и други институции. Во чест на Делчев, учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ од Вељуса изведоа пригодна програма.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544