Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Општина Струмица ги избра најдобрите во спортот за 2017 година

„Струмица е спортски град. Град на спортисти со врвни домашни и меѓународни достигнувања. Тие се нашата гордост и вистински амбасадори. Струмица е расадник на млади таленти и град на неуморни спортски работници. На сите ви ја оддавам мојата почит и се гордеам со Вас“, рече градоначалникот Коста Јаневски на синоќешниот Избор на спортист на годината.

 

Во своето поздравно обраќање до спортистите и спортските работници, тој нагласи дека општина Струмица е нивни партнер и ќе продолжи со поддршката кон нив.. Јас како градоначалник на општина Струмица и општина Струмица, спортот го рангираме високо на приоритетната листа и ќе се залагаме за негово унапредување и постигнување на што поголеми успеси и спортски резултати. Токму поради ова, овозможуваме континуирана финансиска, но и логистичка поддршка, подобрување на спортската инфраструктура и условите за работа. Општинската поддршка за оваа 2018-та година изнесува 14,5 милиони денари. Тоа е нашата директна помош преку дотации, јавни повици, проекти, турнири и манифестации. Ќе продолжиме и понатаму со нашата поддршка. Ќе бидеме ваши партнери. Ќе вложуваме и ќе се радуваме на вашите успеси. Посебен акцент ќе ставиме на спортските клубови кои работат со млади категории. Младите талентирани спортисти ќе ја имаат нашата безусловна поддршка, тие се спортската иднина на Струмица. Спортот во Струмица има долга традиција исполнета со врвни остварувања. Да продолжиме да ја негуваме, надополнуваме со уште поголеми резултати и заедно да се гордееме и радуваме на големите победи, рече Јаневски. На оваа традиционална спортска манифестација, за најдобар спортист беше избран кик боксерот Пепи Велков член на клубот „Тим Зоран“, во негово име наградата ја прими неговиот тренер Зоран Спасов. За најдобра екипа е прогласен Одбојкарскиот клуб „Струмица“, освојувач на шампионската титула и купот, а тренерот на струмичките одбојкари, Кире Ричлиев е прогласен за најдобар во сениорска конкуренција. За најдобар млад спортист на Струмица е избран Витанче Витанов од Кик клубот „Тим Зоран“, а тренерот на кик боксерите Зоран Спасов ја доби наградата за најдобар тренер во младински категории. Покровители на манифестацијата беа градоначалникот Коста Јаневски и Советот на општина Струмица.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544