Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Се одржаа општински натпревари по биологија и природни науки

Во организација на Македонското биолошко друштво, во основното општинско училиште „Сандо Масев“ се одржаа општински натпревари по биологија и по природни науки за основните училишта во општина Струмица. На натпреварот по биологија учествуваа 69 ученици од седмо до деветто одделение, а на натпреварот по природни науки 70 ученици од четврто до шесто одделение.

Резултатите од натпреварите дополнително ќе бидат објавени. Инаку, во основното општинско училиште „Сандо Масев“, неодамна се одржа и општинскиот натпреваро по хемија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичари и технолози на македонија, а на кој учествуваа 37 ученици од основните општински училишта. На овој натпревар најдобри резултати постигнаа учениците од ООУ „Сандо Масев“ освојувајќи три први награди меѓу натпреварувачите од осмо одделение и четири први награди меѓу натпреварувачите од деветтите одделенија. По една прва награда во двете категории освоија и ученици од ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544