Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Претставник од општина Струмица на работилница за зајакнување на системот на предучилишно образование

Во организација на УНИЦЕФ и Светската Банка, а со цел за поддршка на Министерството за труд и социјална политика, на други надлежни министерства, институции, локалната самоуправа како и на академската заедница, се одржа работилница за зајакнување на системот на предучилишно образование. Оваа работилница е дел од напорите за идентификување на клучните приоритети за подобрување на пристапот, квалитетот и правичноста на предучилишното образование и идентификување на иницијативите за пилотирање во однос на заемот од Светската Банка. Во рамките на програмата на работилницата, беа разработени повеќе акциски области и подрачја на дејствување особено за ефективно планирање и употреба на ресурси, подготовка и спроведување на наставен план, ангажирани семејства и заедници, посветен и компетентен кадар и мониторинг, надзор и евалуација за обезбедување квалитет.На работилницата учество зеде и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која меѓу другите приоритети и предизвици, го потенцираше обезбедувањето на услови за зголемен опфат на децата во системот на згрижување и воспитание, преку универзален пристап до рано учење и развој на сите деца од 3-6 години.Овластениот просветен инспектор од општина Струмица, Зоран Узунов, во рамките на акциската област за мониторинг, надзор и евалуација на воспитно-образовните установи основани од општината, зеде учество во работните групи за развивање на сеопфатен систем за надзор и обезбедување квалитет и изградба на капацитети за користење на системот за надзор.Општина Струмица, како една од засегнатите страни во директната практична примена на елементите за подобрување на системот на предучилишното воспитание и образование, ги поддржува сите иницијативи и напори за развивање на цврсти развојни политики во оваа област, преку системски пристап за користење на основните политички, јавни и финансиски ресурси за исполнување на целите утврдени во стратешките документи.
© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544