Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Делегација од општина Струмица предводена од градоначалникот Јаневски престојуваше во работна посета на Шпанија

Зголемената проектна активност помеѓу Македонија и ЕУ во оваа година, како и вмрежувањето на компании од Македонија со партнери од неколку Европски држави вроди со плод. Општина Струмица како лидер во искористувањето на средствата од европските фондови ја искористи оваа можност за уште поголем развој на локалната економија и зајакнување на институционалните капацитети.

Токму поради ова, претставници на Општината беа дел од делегацијата на Република Македонија која што престојуваше во работна посета на регионот Валенсија во Шпанија. Целта беше вклучување во конзорциуми на тековните повици за грантови од Европската комисија, а во фокусот беа програмите Хоризонт 2020, Косме 2014-2020, Лајф+, Интерег 2020, како и Еразмус+.Најголем дел од делегацијата ја сочинуваа претставници на компании од секторите туризам, дрвна индустрија, енергетика и термо техника, рециклирање и производство на гума и гумени производи, вода и производство на вода, сектор за старт ап компании и мали биниси, како и претставници на невладиниот и јавниот сектор. Во рамките на неколкудневната посета, градоначалникот Коста Јаневски оствари средби со градоначалници и заменици градоначалници на градовите Кастелон, Валенсија, Аликанте и Елче. На средбите тој ги презентираше можностите за соработка и проектни апликации за југоисточниот регион, а посебно за Струмица и тоа во делот на развојот на туризмот, селектирање, собирање и преработка на отпад вклучително и дрвна маса, инфраструктурни проекти и мали и средни иновативни компании. Договорени беа и идни активности и соработка во искористувањето на можностите за претприемачите и старт ап компаниите да имаат директна поддршка од општина Струмица, како и од шпанските партнери за користење на средствата од ЕУ фондовите и грантови и посебна поддршка во проекти за приватниот сектор во соработка со академскиот сектор, како и училиштата кои во фокусот ќе ја имаат програмата Еразмус+. Во рамките на посетата е договорено формирање на бизнис иновативен центар во Струмица на иницијатива на неколку компании и општината ќе биде во соработка со шпански, белгиски и холандски партнери. Младите луѓе, иноваторите, како и иновативните старт ап и мали и средни компани ќе имаат и грантовска поддршка покрај другите видови мерки на поддршка согласно Европските фондови. Делегацијата посети и неколку универзитети, приватни компании, бизнис центри и инкубатори каде мoжеа да се видат функционални иновативни идеи и директно да се разговара со нивните први луѓе. Според градоначалникот Јаневски, општина Струмица многу брзо ќе го почувствува бенефитот од оваа посета, од воспоставените контакти и договорените активности и како Општина преку европските фондови ќе им даде максимална поддршка на приватниот сектор и младинските иницијативи како двигатели на локалната економија.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544