Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Во месец мај во основните општински училишта се запишале вкупно 513 првачиња

Во деветте основни училишта во општина Струмица, во месец мај, кога согласно Законот за основно образование се врши запишување на деца во прво одделение, се запишале вкупно 513 првачиња за новата учебна 2018/2019 година. Според информациите добиени од општинскиот просветен инспектор, Зоран Узунов, од нив 266 се момчиња и 247 девојчиња.

Најголем број или 146 ученици во прво одделение се запишале во основното училиште „Сандо Масев“ во Струмица, најмалку само 5 во основното училиште „Гоце Делчев“ во Вељуса, а во населените места Сачево, Габрово, Дорломбос и Мемешли во мај не се запишало ниту едно дете во прво одделение. Во однос на минатата година, има зголемен број на запишани првачиња. Во законскиот рок за запишување во месец мај лани, во основните општински училишта се запишале вкупно 453 ученици во прво одделение, а годинава во истиот период 513, што значи бројот е зголемен за 60 првачиња.Родителите кои од објективни причини не успеале да ги запишат своите деца во предвидениот рок, тоа ќе можат да го сторат и во наредниот период, се до почетокот на новата 2018/2019 учебна година.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544