Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Во  Струмица се одржа регионална презентација на проектот „Образование за вработување во Македонија“ - во фокусот беше зголемена соработка помеѓу компаниите и стручните училишта 

Во Струмица се одржа регионална презентација на проектот „Образование за вработување во Македонија“ чија што цел беше претставување на активностите кои ќе бидат имплементирани во наредниот период. На презентацијата присуствуваа претставници на бизнис секторот, училиштата и локалната самоуправа. Во фокусот на Проектот е соработката со компаниите и оттука поддршката од бизнис секторот е клучна, беше истакнато на презентацијата.

Поздравно обраќање имаше градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, кој истакна дека локалната самоуправа ќе ги поддржи активностите кои ќе бидат имплементирани на локално ниво. „Многу сум задоволен што општина Струмица има континуитет во работењето на проекти. Верувам дека тоа е така поради атмосферата и условите на локално ниво. Она што ми дава посебна надеж и задоволство е тоа што станува збор за долгорочен проект од кој ќе можат да произлезат добри резултати, а општина Струмица е тука да ги поддржи сите активности и да даде свој придонес во активностите“, рече Јаневски. Курт Вутрих, тим лидер на Проектот, истакна дека целта на овој проект не е да се претстави швајцарскиот модел во Македонија, туку преку приспособување на одредени елементи од швајцарскиот систем, соодветни за тоа, да се развие посебен систем за развој на стручни вештини кој ќе биде карактеристичен за Македонија. Партнерството помеѓу стручните училишта и приватниот сектор е од клучно значење за да се осигура дека младите ги стекнуваат вештините што им се потребни на работодавците и кои ќе им помогнат полесно да добијат вработување. Ова е причината зошто вклучувањето на приватниот сектор е во суштината на овој проект. „Во нашата работа ќе се фокусираме на два кластера кои инкорпорираат различни економски сектори. Едниот е кластер на технологија и производство кој ги вбројува струките и вештините од областа на земјоделието, прехранбената технологија и машинството, додека другиот е кластер на услуги кој ги вбројува туризмот, но со посебен акцент на угостителството, личните услуги и здравство и социјални услуги“, истакна Вутрих. Имајќи ја предвид важноста на квалитетот на средното стручно образование и позитивните ефекти кои ги има врз развојот на економијата, Стопанската комора на Македонија со останатите државни институции од една, и приватниот сектор од друга страна, зема активно учество при имплементацијата на националните образовни стратегии кои на среден и на долг рок ќе бидат почувствувани на пазарот. „Вештините кај учениците ќе се подобрат доколку се овозможи изведување на практична обука во реални услови во компаниите. Клучна е соработката на образовните институции со компаниите“, истакна Бранко Алексовски, советник во Центарот за стручно образование и обука. Проектот „Образование за вработување во Македонија“ поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементиран од „Helvetas Swiss Intercooperation“, Стопанската комора на Македонија и Македонскиот центар за граѓанско образование е долгогодишен проект кој започна со реализација во март оваа година.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544