Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Општина Струмица успешно премина кон стандардите ISO 9001-2015 Систем за квалитет и 14001-2015 Систем за управување со животната средина

Општина Струмица успешно премина кон новите верзии на стандардите, Систем за управување со квалитет согласно со барањата на стандардот ИСО 9001:2015 и Систем за управување со животната средина согласно барањата на стандардот ИСО 14001:2015, ова е заклучокот од извештајот од редовната ресертификациона проверка за примена на ИСО стандардите која беше спроведена на минатата недела. „Од страна на тимот на проверувачи на словенечкиот институт за мерење на квалитет SIQ, се контролираше примената и нивната подготвеност за премин кон новите стандарди во сите организациони единици на општина Струмица, при што вработените во општинската администрација, покажаа висок степен на професионалност и посветеност на работата.16684280 1204018239651604 3876680407936695142 n 1

Констатирани се позитивни параметри во однос на владеењето со Системот за управување со квалитет и Системот за управување со животната средина, конзистентност и зголемување на обемот на работење, добро владеење со документацијата, реализација на стратешките цели на општината и тенденција за постојано подобрување“, изјави Томислав Андреев координатор на тимот на раководството на општина Струмица. Инаку, Струмица е прва општина во Република Македонија која во 2007 година го воведе стандардот за квалитет ИСО 9001:2008 и 11 години успешно го спроведува стандардот ИСО 14001:2004 за управување со околината.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544