Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Се одржа работилница на проектот „Заштита на биодиверзитетот и економски развој во регионот на планината Беласица преку брендирани други шумски производи

Во организација на општина Струмица и невладината „Натура Нова“ од Струмица, денеска, во салата на Советот на општина Струмица се одржа воведна работилница на проектот „Заштита на биодиверзитетот и економски развој во регионот на планината Беласица преку брендирани други шумски производи“.

На работилницата учествуваа партнерите во проектот, приватни компании и здруженија на граѓани од регионот, а беа презентирани планираните активности и очекуваните резултати на проектот. Овој проект е во рамките на Проeктот  за  „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ кој e финансиран од Европската Унија, а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Целта на овој проект е да помогне да се заштитат природните ресурси, истовремено подобрувајќи го и квалитетот на животот на локалното население.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544