Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Општинската администрација се обучуваше за учество во програмирањето на ИПА фондовите

НВО Инфоцентарот, во соработка со Организацијата на жени од Струмица, вчера и денеска реализираа обуки наменети за зголемување на капацитетите на администрацијата на Општина Струмица за учество во програмирањето на ИПА фондовите и аплицирање за европско финансирање. Обуките се дел од втората фаза на проектот „Локален консултативен механизам за ИПА2“.

На обуките им претходеше мапирање на тековните состојби и соработката меѓу општините и граѓанските организации во програмирањето и учеството во фондовите од ИПА (во општините Битола, Струмица, Тетово и Градот Скопје). Сознанијата за степенот на искористеност на ИПА фондовите беа основа за креирање на обуки соодветни на потребите на локалната администрација и граѓанските активисти. Проектот „Локален консултативен механизам за ИПА2“ е поддржан од Министерството за финансии на Република Македонија – Сектор за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД), преку програмата ТАИБ 2013, а со средства од Европската Унија.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544