Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Актерот Благоја Чоревски е добитник на наградата за високо актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков“

Единствената награда за високо актерско остварување на 26-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ ја доби актерот Благоја Чоревски за улогата на Вилфред Бонд во претставата „Квартет“ во копродукција на Македонскиот народен театар и „Контрапункт“ од Скопје, по текст на Роналд Харвуд, а во режија на Зоја Бузалковска.

Така одлучи меѓународното фестивалско жири предводено од позната српска актерка Тања Бошковиќ. Наградата која што се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, плакета и паричен износ од 1.500 евра на Чоревски му ја врачи директорот на фестивалот Ванчо Ристов Патриков. Во петте фестивалски денови на годинашното издание, беа изведени десет претстави во кои настапија актери од Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Македонија. Фестивалот финансиски го поддржаа општина Струмица и Министерството за култура.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544