Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2019 година

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџетите на општината за 2016 година и за претходни години, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2019 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Продолжуваат градежните активности во градот и населените места

Со засилено темпо општина Струмица ги спроведува планираните активности во градот и населените места. Дел од нив се реализираат во населените места Муртино и Банско, таму денеска со своите соработници беше и градоначалникот, Коста Јаневски. Општина Струмица продолжува со своите активности во населените места и градот.

Ги исполнуваме нашите обврски согласно тоа што сме се договориле со граѓаните и планските определби од буџетот на општина Струмица. Со задоволство можам да кажам дека три улици се асфалтираат во населеното место Муртино, се асфалтира и во Банско, се врши бетонирање на улица во Попчево, има активности во населеното место Куклиш. Интервенции има и во градот, важни артерии се асфалтираат како што е улицата „Ката Поцкова“ со одредени краци кои ја спојуваат оваа улица со улицата „Боро Поцков“. Со ова општина Струмица со несмален интензитет и голем ентузијазам навлегува во дел од урбаната средина и населените места со цел сите желби и потреби на граѓаните кои што сме ги ветиле во овој период да ги оствариме, рече градоначалникот Јаневски.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544