Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2019 година

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџетите на општината за 2016 година и за претходни години, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2019 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Започна изградбата на Стационар за бездомни животни во општина Струмица

Општина Струмица го решава проблемот со кучињата скитници. На локација до Пречистителната станица, денеска, започна изградбата на Стационар за бездомни животни по современи стандарди, а во согласност со Законот за заштита и благосостојба на животните. Според градоначалникот Коста Јаневски, овој проект ја вклучува Струмица во градовите кои што на европски начин го решаваат проблемот со бездомните животни.

 Решавањето на проблемот со бездомните животни беше едно од најчестите барања на граѓаните упатено до нас, како локална самоуправа и уште на почетокот од нашиот мандат се зафативме со решавање на овој проблем во согласност со сите позитивни законски прописи кои што важат во Република Македонија. Мораше да се поминат некои чекори кои што се неопходни и неизбежни, како што е изготвување на проектна документација при што посебно се внимаваше на Законот за заштита и благосостојба на животните и еве после одреден временски период успеавме сите тие искушенија да ги пребродиме и денеска со задоволство можам да најавам почеток на еден убав проект кој што ќе реши еден горлив проблем на нашата Општина, а тоа е Стационар за бездомни животни. Овој проект ги вклучува и другите општини од нашиот Југоисточен плански регион и ќе има два стационара, едниот тука во општина Струмица, а другиот во општина Гевгелија кој за неколку дена ќе почне да се гради. Оваа инвестиција чини околу 20 милиони денари во првата фаза, а веќе имаме обезбедено грант од Швајцарската влада со поддршка на УНДП која обезбедува мебел, опрема и се друго што е потребно за еден ваков современ стационар, а тоа се боксови по современи норми, стручни лица кои што ќе вршат заловување на овие животни, стручен персонал кој што ќе учествува во третирањето на животните и мислам дека добиваме еден стационар кој што ќе има високи европски стандарди. Тендерот се распиша преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и го доби фирмата „Атриум“ од Вевчани, се надевам дека професионално, брзо и во предвидените рокови ќе го завршат своите обврски и ќе можеме навистина со овој проект да се вклучиме во градовите кои што на висок, европски начин го регулираат ова прашање, рече градоначалникот Јаневски.Според директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова, Стационарот е пример во решавањето на проблемот со бездомните животни на хуман начин, а во кој што се вклучија сите десет општини во  регионот. Овој проект се реализира преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година на Бирото за регионален развој.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544