Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2019 година

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџетите на општината за 2016 година и за претходни години, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2019 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Градоначалникот Јаневски им го честиташе приемот на првачињата во Детската организација

Вкупно 639 првачиња од основните општински училишта, денеска, станаа членови на Детската организација. На свеченоста која што по тој повод се одржа во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“, а во организација на домот за деца и млади „Благој Мучето“, приемот во големото детско семејство им го честиташе градоначалникот, Коста Јаневски. По само нешто повеќе од еден месец, кога за прв пат седнавте во вашите училишни клупи,  еве,  дојде и овој ден, кој исто така долго ќе го паметите. Овој ден не е обичен ден, туку ден кога официјално станувате членови на најголемата  организација на светот, а тоа е детската организација. Во тоа големо детско семејство  членуваат милиони деца - ваши врсници од сите светски континенти.

Тие дечиња, црни, бели и жолти,  се разликуваат не само по бојата на својата кожа, туку и по местата и државите во кои живеат, по јазиците на кои зборуваат и пишуваат, можеби по игрите со кои го минуваат своето детство, но едно е сигурно, сите вие имате нешто заедничко, а тоа е зборот ДЕТЕ. Тоа значи дека и децата од Кина, и оние од Америка, и тие од Индија, Сирија, Шпанија, Германија и Македонија, се одликуваат со чистотата на нивните души.  Бидете среќни и бидете горди поради тоа, затоа што вие – децата сте најсветлата страна на оваа наша планета, наречена земја. Многу сум среќен што во рок од само еден месец, по втор пат сум меѓу вас, но морам да забележам дека за многу кусо време сте станале вистински ученици, благодарение на вашите наставнички и благодарение на вашата послушност и внимание. Од  ден на ден, од месец во месец, од година во година, сите вие ќе станувате се побогати со знаења и животни искуства, но никогаш не заборавајте да уживате во убавините на детството, затоа што тоа е најубавиот период во животот на сите луѓе. Мојот совет до сите вас би бил, извршувајте ги сите ваши обврски како ученици, но секогаш треба да знаете дека и вие децата имате свои права кои ние треба да ги почитуваме. Запомнете го мотото на оваа „Детска недела“ во чии рамки се случува овој ден, а тоа е „Градиме мостови, чекориме кон иднината“. Градете мостови со знаење, но и мостови на пријателство, ако сакате чекорот кон иднината да ви биде сигурен и лесен. Веруваме во вас, затоа што вие сте нашето најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост и нашата иднина. Ви го честитам членството во Детската организација и ви посакувам среќа и успех во вашиот детски и ученички живот. Да сте ми здрави, живи и безгрижни, рече градоначалникот Јаневски.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544