Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2019 година

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџетите на општината за 2016 година и за претходни години, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2019 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Струмица домаќин на петтиот меѓународен симпозиум по археологија

Во хотелот „Сириус“ синоќа беше отворен петтиот меѓународен симпозиум по археологија. Учесниците и гостите ги поздрави градоначалникот, Коста Јаневски. Ми претставува чест и големо задоволство, од мое лично име, од името на Општина Струмица, но и од името на моите сограѓани, да го поздравам отпочнувањето на петтиот меѓународен симпозиум по археологија, на тема „Култ, мит, религија“, во организација на Националната установа - Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица. Особено сакам да ве поздравам Вас - учесниците на овој симпозиум, еминентните археолози, антрополози и историчари од Германија, Италија, Турција, Хрватска, Србија, Црна Гора и Македонија, и да ви посакам срдечно добредојде во нашиов град. Се надевам дека престојот во Струмица ќе ви претставува задоволство, меѓу другото и поради фактот што овој наш град и општина, но и неговото поблиско опкружување, е познато по бројните археолошки локалитети и откритија кои се од непроценливо значење за севкупното културно-историско минато на Струмица, Македонија и Балканот, рече градоначалникот Јаневски
© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544