Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2019 година

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџетите на општината за 2016 година и за претходни години, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2019 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување шеснаесетата седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица
Бр.08-8910/1, 01.11.2018год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување шеснаесетата седница на Советот на Општина Струмица
Ја свикувам шеснаесетата седница на Советот на општина Струмица за ден 08.11.2018 година(четврток).
Шеснаесетата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата го предлагам следниот:
Дневен ред
1. Предлог - Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2018 година;
2. Предлог - Програма за измена на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2018 година;
3. Предлог - Програма за измена на Програмата изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2018 година;
4. Предлог - Програма за измена на Програмата за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Струмица за 2018 година;
5. Предлог - Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2018 година;
6. Предлог - Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2018 година;
7. Кватрален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2018 година;
8. Предлог - Одлука за усвојување на Акциски план за стратегија за социјална заштита на граѓаните на општина Струмица за периодот 2019–2020 година;
9. Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта - Струмица“ - Струмица за период од 01.01.2018 до 30.09.2018 година;
10. Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица-гас“ за периодот I – IX месец 2018 година;
11. Програма за работа на Општинската јавна установа - Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ за 2019 година;
12. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во Средното општинско училиште „Јане Сандански“ Струмица;
13. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во Средното општинско училиште со ученички дом „Димитар Влахов“ Струмица;
14. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во Средното општинско училиште „Никола Карев“ Струмица;
15. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во Општинското основно училиште „Герас Цунев“ Просениково;
16. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ Вељуса;
17. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во Општинското основно училиште „Маршал Тито“ Муртино;
18. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во Општинското основно училиште „Даме Груев“ Куклиш; и
19. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање на паралелкa со помал број на ученици во Општинското основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ Дабиље.
 
Совет на општина Струмица
Претседател,
Maрјан Даскаловски 
© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544