Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2019 година

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџетите на општината за 2016 година и за претходни години, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2019 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Во рамките на проектот „Jакнење на мултиетничка соработка во општините“ учениците од основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица

Во рамките на проектот „Jакнење на мултиетничка соработка во општините“ учениците од основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица, заедно со наставниците Милена Ристовска, Зоја Муканова и Лидија Настева, кои се дел од тимот за реализација на проектот, спроведоа активност - посета на националната установа „Танец” и културно – уметничкото друштво „Јени Јол“ од Скопје.  При посетата на НУ„Танец“ учениците се запознаа со формирањето, активностите и историјатот на овој реномиран македонски ансамбл, а ги посетија и просториите со народни носии кои ги користат за своите настапи и со народни и музички инструменти кои ги користи оркестарот. Учениците имаа можност и лично да се запознаат со дел од познати музичари и да присуствуваат на редовна проба на играорците во придружба на оркестарот и секако беа воодушевени од тоа што го видоа притоа потсетувајќи се на прекрасни народни ора, но и од професионалното работење на играорците. Учениците се дружеа, поставуваа прашања и фотографираа.  Прекрасната дружба меѓу учениците продолжи со посета на КУД „Јени Јол“-Скопје, каде што учениците ги разгледаа просториите во кои играорците ги реализираат своите проби, просторијата со турски народни инструменти и сите награди и признанија кои ова друштво ги има освоено во текот на своето постоење. Учениците го посетија и државното основно училиште „Тефејуз“ кое изведува настава на турски јазик. Љубезно пречекани го разгледаа училиштето, кабинетите, библиотеките и беа запознати со начинот на изведување на наставата. Средбата заврши со договор за идна соработка помеѓу двете училишта. Како продукт од посетите беше албумот со фотографии што го креираа учениците.
© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544