Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2019 година

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџетите на општината за 2016 година и за претходни години, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2019 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Заедничко дружење и учење преку проектни активности во ООУ „Маршал Тито“ од Струмица

Во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци и имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со Бирото за развој на образованието од Скопје, ученици од мешан етнички состав во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица, следеа часови по наставните предмети општество и граѓанско образование. Со поддршка на нивните наставници, преку различни методи и наставни форми на работа, во корелација со програмски содржини од општеството, ликовното и музичко воспитување и граѓанското образование, учениците низ игри, песни и цртање презентираа пораки за развивање на позитивна социоемоционална клима во групите, меѓусебно почитување, помагање и соработка меѓу учениците од различна етничка заедница, тимско работење и заедничко дружење. Во рамките на проектот е финансирана и секција, која работи според посебен акционен план. На дел од наставните часови присуствуваа и претставници од општина Струмица и член од Советот на општина Струмица. Општина Струмица, како партнер во овој проект, преку Комисијата за меѓуетничка интеграција во образованието формирана од градоначалникот на општина Струмица, постојано ги следи и продолжува со поддршка на активностите планирани во годишните програми на училиштата.
© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544