Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2019 година

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџетите на општината за 2016 година и за претходни години, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2019 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Во Струмица се одржа бизнис средба на која беа презентирани владините мерки за вработување за 2019 година

Пред бизнис заедницата на Струмица денеска беа презентирани активните мерки и програмите за вработување и услугите на пазарот на трудот за 2019 година на Владата на Република Македонија. На бизнис средбата присуствуваа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, вршителот на должноста постојана преставничка на УНДП, Нарине Сахакјан, директорката на Агенцијата за вработување на Македонија, Билјана Јовановска и градоначалникот Коста Јаневски.

Во своето поздравно обраќање, градоначалникот Јаневски ги потенцираше потенцијалите на општина Струмица за економски развој, а информираше и за проектот „Струмица грижлив град“ чија цел олеснување на животот на граѓаните во поодмината возраст. Општина Струмица секогаш е поддржувач на такви иницијативи, има добри пракси досега, веќе има и конкретни проекти кои што сме ги спроведувале заедно со Владата, министерствата и новите можности кои што се нудат. И денеска ја искористивме средбата со министерката за труд и социјална политика, освен за потенцијалите кои што ги нудат новите законски решенија за да можат нашите млади луѓе да најдат шанса во својот живот за да можат да работат, разговаравме и од сферата на социјалната политика за некои можности кои што сакаме да ги имплементираме и  кои беа наша заложба, станува збор за проект кој што ние го именувавме како „Струмица грижлив град“ во областа на посета на луѓе кои што се немоќни и се во поодмината возраст и имаат потреба од нега. Практично, на некој начин да го олесниме нивниот живот и нивната улога во нашето општество и мислам дека разменивме добри искуства и идеи и веднаш ќе се зафатиме со решавање на овие проблеми и набрзо ќе има конкретни решенија за пристапот кон овие луѓе. Сметаме дека овој проблем ќе го решиме или олесниме надвор од институциите што за мене значи еден посовремен пристап во оваа проблематика, рече градоначалникот Јаневски.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544