Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2019 година

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџетите на општината за 2016 година и за претходни години, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2019 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Јаневски: Јас од денеска од мојот речник го бришам зборот хендикеп

Во хотелот „Вила парк“ во Струмица, по втор пат се одржа модната ревија „Убави сме, свои сме“ на која што учествуваа деца со попреченост од повеќе градови во Македонија, а придружувани од познати лица од повеќе области. Меѓу нив беше и градоначалникот Коста Јаневски, кој рече дека од неговиот речник го брише зборот хендикеп. Денеска се чувствувам многу горд кога гледам во мојата Струмица толку многу луѓе кои се подготвени да подадат рака, да ги срушат сите бариери и да помогнат. Јас од денеска од мојот речник го бришам зборот хендикеп. Во секој од нас има потенцијал кој само треба да го најдеме со сета своја енергија и сила.

Утре е Ден на лицата со попреченост, но јас би го нарекол Ден на рушење на бариерите. Јас повеќе не признавам попреченост. Сакам сите заедно како на овој ден, сплотени да се избориме со сите можни бариери, физички, психички или било какви. Бариери во Струмица и нашата држава веќе не смеат да постојат. Да бидеме пример за сите, како може во една мала средина да се решаваат овие бариери, рече градоначалникот Јаневски. Модната ревија „Убави сме, свои сме“ се одржа во организација на здружението на деца со даунов синдром „Вера“ од Струмица.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544