Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2019 година

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџетите на општината за 2016 година и за претходни години, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2019 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

За неколку денови ќе биде објавен огласот за становите во новата социјална зграда во Струмица

Во Струмица заврши изградбата на новата зграда со социјални станови во која денеска беа министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката Кристијан Трајковски и градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски. Министерот Сугарески информираше дека зградата има 37 социјални станови и 4  кои се доделени на министерството за труд и социјална политика кои ќе бидат распределени на најранливите категории граѓани. Огласот ќе биде распишан за неколку денови и ќе трае 30 денови, а пријавувањето ќе се врши во Центарот за социјални работи во Струмица.

Овие станови се наменети за социјално загрозените категории, односно, за лица без родители, лица со инвалидитет, самохрани родители со малолетни деца, деца кои  користат социјална помош, лица од Ромската заедница, слепи лица и сите други категории кои согласно одлуката го имаат правото да конкурираат и ги исполнуваат пропишаните услови и критериуми. Градоначалникот Јаневски го изрази своето задоволство од завршувањето на уште еден проект од социјалната сфера за најранливите категории граѓани во општина Струмица. Тука сум за да ја афирмираме поддршката на тоа што владата и министерствата од тие сфери го работат за оваа наша општина, да ја афирмираме оваа добра соработка меѓу централната и локалната власт се со цел подобрување на квалитетот на живот на одредени категории на наши граѓани. Мислам дека становите правилно ќе бидат распределени, има одредени методологии и се надевам дека најчувствителните наши категории луѓе ќе решат едно многу важно прашање во својот живот. Ние, како општина во социјалната сфера даваме максимум што можеме од сите аспекти да го подобриме животот на нашето население, еве се финишираат и две градинки во населените места, се почнаа одредени канализациони системи, целодневниот престој за деца на возраст од 6 до 10 години. Тоа се проекти кои што општината со поддршка на централната власт ги финишира,  и јас уште еднаш го изразувам моето задоволство и ја давам мојата поддршка на овие социјални политики на централната власт и на нашата општинска власт, рече градоначалникот Јаневски. Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката Кристијан Трајковски, информираше дека зградата е изградена по сите стандарди кои обезбедуваат квалитетно живеење, а изградбата на социјални згради ќе продолжи и понатаму.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544