Струмица еко-шампион за 2007

На денот на екологијата, Министерството за животна средина и просторно планирање ги додели традиционалните награди и признанија за достигнувања во заштитата и унапредувањето на животната средина за 2007 година.
Општина Струмица е Екошампион за 2007 година според одлуката на Министерството.
Наградата ја прими Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

Во категоријата Заштита на природно наследство, Општина Струмица ја доби првата награда за трите проекти реализирани во 2007 година:
Габровски водопад, Враќање на бадемовиот цвет под Царевите кули и Пошумување на месноста Чам-чафлик.
Наградата се состои од плакета и парични средства во износ од 90.000 денари.