Поставен камен темелникот за реставрација на Цареви кули

По едногодишни археолошки истражувања и подготовки, денеска беше поставен камен темелникот за реставрација на еден од најпрепознатливите белези на Струмица – Цареви кули. Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев, го постави камен темелникот за реставрација и конзервација на тврдината, а поставувањето го освети Митрополитот Струмички Господин Наум…

„Таа е првата тврдина во Македонија која што ја гради една општина, со помош на европски средства од европските фондови. Другите коишто постојат во државата се од буџетски средства од Владата на Република Македонија“, рече Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

455.000 евра е вкупната вредност на проектот финансиран од европските фондови и Општина Струмица кој опфати: истражување, конзервација, реконструкција и реставрација на Царевите кули, и меѓународна промоција на историскиот споменик со досега најширок спектар на промотивни материјали. Реализацијата на проектот е планирано да заврши до крајот на август.