Младински совет – Детски парламент

На 16.10.2008 година, Во ДОМ на АРМ на втората свечена Конститутивна седница, сто и дваесет пратеници, во рамките на Младинскиот Совет и Детскиот парламент добија легитимитет да работат на проблемите и потребите на децата и младите од Општина Струмица.

Со исполнување на Македонската химна и со едноминутно молчење во знак на почит кон животот и делото на починатата Македонска икона Тоше Проески, отпочна Втората свечена конститутивна седница на Детскиот Парламент, каде младите од општина Струмица, јавно ја потврдија довербата кон своите избрани претставници да како пратеници во Детскиот парламент ги застапуваат нивните интереси во насока на креирањето на општинските политики и градењето на општина по мерка на младите.

На втората Конститутивна седница сто и дваесет избрани претставници од трите средни училишта во рамките на горниот дом на детскиот парламент, потпишувајки ја свечената изјава, добија легитимитет да ги застапуваат интересите на младите оваа година и согласно одлуките кои ќе произлезат од Парламентот, правилно да ги насочуваат средставата кои градоначалникот Зоран Заев ги стави на располагање за потребите на младите согласно утврдените приоритетни проекти.