Одржана Свечена седница по повод празникот „Свети Петнаесет Тивериополски Маченици – Заштитник на градот

Денеска се одржа Свечена седница по повод празникот “Свети Петнаесет Тивериополски Маченици – Заштитник на градот, во Домот на АРМ во Струмица.

Седницата започна во 12 00 часот, со поздравен говор на Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев.

Седницата продолжи со доделување на општински награди и признанија за 2008 година и доделување на награди на најуспешните на Конкурсот за литаратурно – поетски состав, по повод денот на заштитниците на Струмица  – “Свети Петнаесет Тивериополски Маченици”

Доделувањето на награди за литературен состав посветен на градот Струмица, се спроведе во следниве три категории:

  1. Ученици од основните училишта
  2. Ученици од средните училишта
  3. Возрасни автори

За секоја од овие категории се доделуваше прва, втора и трета награда.

Наградата  “Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” за животно дело во 2008 година постхумно се додели на:
Професор доктор Петар Миљковиќ Пепек.

Годишната награда за општина Струмица “Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” за 2008 год. како признание на Општина Струмица за посебни остварувања се доделуваа на :
1. Билјана Серафимова, за врвни спортски резултати во алпинизмот и спортското качување.
2. Фудбалки клуб Беласица” од Струмица (пионери – генерации 93/94) за врвни достигнувања во фудбалскиот спорт.
3. Професор доцент маестро Васил Атанасов, во областа на музичката дејност.
4. Госпоѓа Софија Гогова Врчаковска, во областа  на драмската уметност.
5. Професор  д-р Драги Горгиев, за придонес во истражувањето на историјата, културата и традициите на Струмица.
6. Професор д-р Митко Панов, за придонес во истражувањето на историјата, културата и традициите на Струмица.
7. Професор д-р Марија Пандевска, за придонес во истражувањето на историјата, културата и традициите на Струмица.
8. Слаткарница Бисер” од Струмица, за придонес во областа на занаетчиството.
9. Рафинерија за масло Ал Макс” од Струмица, за десет годишниот јубилеј и посебни остварувања во стопанството.
10. Дијаконија Македонија Мис Соун Центар” Струмица во областа на хуманитарно социјалните дејности.

Наградата за животно дело беше составена од диплома, плакета и парични средства во износ од четири просечни нето плати исплатени во Р.М.
Наградата за физички лица се состои од диплома, плакета и парични средства во износ од една нето плати исплатени во Р.М.
Наградата за правни лица се состои од диплома и плакета.