Иницијатива за отворање канцеларија на Бугарската амбасада

Иницијатива на Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев за отворање на канцеларија на Бугарската амбасада во Струмица. Имајќи ги в предвид долгите редици на граѓани пред Бугарската Амбасада во Скопје, Градоначалникот Заев, покрена иницијатива за отварање канцеларија за издавање на бугарски визи во Струмица. Овој предлог Градоначалникот на општина Струмица дирекно му го соопшти на Бугарскиот Претседател Георги Прванов при неговата неодамнешна посета на Струмица.