Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион со нов меморандум

Синоќа, Раководителот на Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион, Зоран Горгиев потпиша меморандуми за соработка со Српскиот центар за модернизација на земјоделието Агронет, Институтот за информации и маркетинг во земјоделието III – Albamis, од Тирана Албанија, и Сојзот на стопански комори на Македонија.

Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион претставуван од Раководителот Зоран Горгиев и  Српскиот центар за модернизација на земјоделието Агронет претставуван од Потпретседателот Драган Мирковиќ, потпишаа меморандум за соработка со цел:

• Координирана размена на податоци за цените на земјоделските производи;
• Информации за можностите за реализација на заеднички проекти;
• Соработка во подготовка на проекти;
• Заеднички настап пред донатори;

Ваков меморандум беше потпишан и со Еrald Lamja претставник на  Институтот за информации и маркетинг во земјоделието III – Albamis, од Тирана Албанија.

Исто така вчера Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион и Сојузот на стопански комори на Македонија ја официјализираа соработката потпишувајки официјален меморандум.  ССК беше претставувана од извршниот директор Никола Ефтимов.