Реакција на прес конференцијата на Васил Пишев одржана на ден 27.06.2016 г.

Почитувани,

Пратеникот Васил Пишев измислувајќи некаков скандал во општина Струмица всушност самиот се скандализира со ноторното непознавање на законот за јавни набавки. Пишев знае, но се прави дека не знае дека сите договори за јавни набавки во општина Струмица се реализираат по пат на електронско јавно наддавање, според важечката законска регулатива. Значи, нема никаква злоупотреба и незаконско работење, како што Пишев ја манипулира македонската јавност. Уште еднаш истакнуваме дека за изнесените невистини и обидот на Васил Пишев да ги диксредитира општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, Општината ќе побара разрешница по судски пат.