Струмица е првата македонска општина со стандард за квалитет ISO 9001:2000

Денес Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев го доби меѓународниот сертификатот за квалитет ISO 9001 : 2000 со што Општина Струмица стана првата македонска општина и четврта на Балканот која поседува унифицирани правила за работење.

Општина Струмица во изминатите 7 месеци го усогласи работењето согласно правилата пропишани по ISO 9001 : 2000 при што Комисијата за сертифицирање на системи за управување на својата последна седница донесе одлука за доделување на сертификат на Општина Струмица за извршување на услуги од областа на локалната самоуправа.