Ден на жалост во Општина Струмица

Во врска со трагичната смрт на двајца штитеници од Заводот за заштита и рехабилитација “Бања Банско” настрадани во пожарот на ден 02.09.2007 година,  Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев го прогласи 04 Септември 2007 година за ден на жалост во Општина Струмица.

Горенаведеното Решение Градоначалникот на општина Струмица го донесе врз основа на чл.50 од Закон за локална самоуправа и член 39 од Статутот на општина Струмица, а во врска со член 15 став 5 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната.

Во согласност со споменатото решение денес знамињата во Општина Струмица се истакнати на половина копје.